Германски медиуми: Во вторникот за малку ќе избиеше војна меѓу Турција и Грција – Меркел ја спречи

Во вторникот вечер дојде до спор меѓу Грција и Турција во Средоземното море околу малиот остров Кастелоризо во непосредна близина на турскиот брег, кој за малку ќе прераснеше во вооружен судир. Телефонскиот повик на Ангела Меркле спречи војна – „буквално во последна минута“, пишува германскиот таблоид Билд, а пренесува Дојче Веле.

Билд натаму наведува дека причина за судирот се пробните дупчења во потрага по нафта и гас, кои Турција ги спорведува во непосредна близина на грчките острови, и тоа во зоната која Грција ја смета за своја „екслузивна економска зона“. Станува збор за „морско подрачје од 200 наутички милји околу овој остров.

Најтиражниот германски весник дознава дека „поради тоа во вторникот вечер 18 турски воени бродови биле на пат кон островот“. Билд наведува дека Грција својата војска ја ставила во состојба на целосна борбена готовност.

„Но тогаш се вклучила германската канцеларка Ангела Меркел. Прво му телефонирала на турскиот претседателе Реџеп Таип Ердоган, а потоа и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Резултат: Турција ги повлекла своите 16 воени бродови, но сепак оставила два во близина на островот. Но тоа сепак предизвикува „олеснување на двете страни од Егејското море“, нагласува Билд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега