Германски лекар предупредува на трет бран на коронавирус: „Може да дојде до јо-јо ефект“

Германскиот лекар Штефан Клуге предупредува дека би можело да дојде до јо-јо ефект, сличен на оној кај диетата, во случај на коронавирус.

Клуге, изјавил дека се очекува многу брзо третиот бран на коронавирусот.

„Ќе го видиме јо-јо ефектот кога сега ќе опаднат бројките и ќе дојде до попуштање на мерките. Стравувам дека граѓаните повторно ќе бидат несовесни“, предупредил тој.

После првиот бран на пролет бројките за коронавирусот со месци беа ниски, но сега тоа се промени.

„Во текот на зимата луѓето поради ниските температури повеќе се задржуваат во затворени простории. Загрижен сум дека ќе следува трет бран, односно мораме да поминеме низ тоа“, рекол Клуге.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега