Германски доктор заразен со коронавирус пронајден мртов - направил голема грешка

58-годишен германски лекар бил пронајден мртов во неговиот стан, откако не ја почитувал одредбата за самоизолација, бидејќи имал симптоми на коронавирус.

Лекарот од Лондон починал во неговиот стан во близина на Берлин, а властите сега се загрижени дека тој можеби  заразил други патници за време на летот од Велика Британија за Германија, пренесува ДВ.

Работодавачот му препишал самоизолација на германскиот државјанин, кој имал пракса во Лондон на 19 март, бидејќи имал симптоми на инфекција со коронавирус. Но, лекарот ја игнорирал одредбата и отпатувал за Берлин, каде има близок роднина и поседува стан во населбата Бабелсберг во Потсдам.

Откако властите го пронашле неговото тело, обдукцијата открила дека тој бил заразен со Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега