Германската економија нагло ќе порасне, но опоравувањето ќе биде долготраен процес

Германската економија силно ќе порасни во третото тромесечие, но целосното опоравување од последиците на коронавирус ќе биде долготраен процес, предупреди денеска министерството за економија.

Најголемата европска економија се опоравува од мај благодарение на ублажувањето на ограничувањата кои се воведени за да се забави ширењето на коронавирусот, наведува министерството во месечниот извештај.

Моќниот производствен сектор брзо се опоравува, но неговото опоравување во престојниот период ќе ослабне поради слабата побарувачката од земјите кои и натаму трпат тешки последици од пандемијата, предупредуваат од министерството.

Продолжението на влезниот тренд на активности во голема мерка ќе зависи од развојот на пандемијата во Германија и во странство, нагласуваат тие.

На пазарот се наѕира стабилизација, констатираат, повикувајќи се на падот на бројот на невработени во јули, по тримесечниот период на силен раст.

Како дополнителен аргумент ја наведуваат и проценкат ана Сојузната агенција за труд (БАА) за падот на бројот на непријавените вработени од 6,7 милиони на 4,5 милиони во јуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа