Германка го прекршила карантинот и излегувала за да пазари- судот и одреди 10.800 евра казна

Судот во Инсбрук изрече казна од 10.800 евра на 54-годишна Германка за прекршување на карантин и намерно загрозување на други.

Во април минатата година, жената била позитивно тестирана за коронавирусот, и доби задолжителен карантин.

Жената очигледно воопшто не била заинтересирана за наредбата на здравствените власти и таа продолжила да ја напушта куќата и да пазари.

Таа пред судот рече дека сумата за која купила намирници била премала за да може да нарачува преку Интернет.

Со лифт одела да го фрла ѓубрето, што според судот ги загрозило останатите станари.

Овој случај на игнорирање на наредбата за карантин го шокираше државното обвинителство.

"Не и беше гајле дали ќе зарази други луѓе. Таа беше толку дрска што полицијата дури мораше да ја уапси", рече обвинителот Клеменс Гатрингер.

Поради тоа, беше побарана најстрога казна, а судот одлучи да биде немилосрден во казнувањето на „џебот“ со парична казна од 10.800 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега