Германка 23 години го тепала сопругот, а на крај го убила со оклагија „Сакав да го рестартирам“

Германката Хангрет Донели во Велика Бртинаија е осудена на доживотен затвор, откако до смрт го претепала мажот со оклагија. Како што е соопштено, таа може да биде ослободена најрано после 16 години.

Британецот и учител по музика, 55-годишниот Кристофер Донели со години трпел насилство од сопругата, со која живеел во Англија. Го тепала со што ќе стигнела. На неговото тело имало 78 надворешни повреди, како и мноштво внатрешни повреди. Неговото тело полицијата го пронашла во локва крв, откако цела вечер лежел во купатило. Цела куќа била испрскана со крв.

-Таа во целост го контролирала животот на Кристофер. Му велела што е дозволено и го казнувала кога ќе направел нешто што не ѝ е по волја. Систематското малтретирање предизвикало екстремни повреди - изјавил главниот инпектор Фелисити Паркер.

Жената изјавила дека сопругот никогаш не ѝ возвратил.

-Го тепав по носот, многу, затоа што бев многу бесна на него...Мислев дека ќе излезе од трансот ако го удрам со оклагија. Понекогаш го удирав посилно, но никогаш не паѓал, никогаш не изгубил свест - рекла жената пред полицијата.

Таа признала дека не го тепала затоа што бил агресивен кон неа.

-Беше тоа обид нешто да рестартирам кај него....Понекогаш го бркав околу кујнската маса - изјавила Ханегрет.

Кристофер ја запознал Ханегрет на концерт, а и покрај големото малтретирање биле во брак 23 години.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега