Германија: За една година им се доселиле над милион емигранти

Над еден милион лица имигрирале во Германија во текот на 2012 година, што е најголем миграциски доток од 1995 година, пишува електронското издание „Њу Јуроп“, повикувајќи се на германски статистички податоци.

Тоа најмногу се должи на напливот на луѓе од јужноевропските земји, кои се тешко засегнати од долготрајната висока невработеност и бавниот економски раст во текот на нивното долго заздравување од рецесијата, забележува изданието.

Минатата година од Бугарија и Романија во Германија имигрирале 7.000 односно 21. 000 лица, а од почетокот на идната година граѓаните на двете земји ќе добијат полна слобода да работат во Германија.

Изданието кажува и за зголемување на бројот на имигранти во Германија од други земји членки на ЕУ, а најмногубројни се пристигнатите од Италија (над 12.000 лица), додека бројот на Шпанците кои се насочиле кон Германија е нараснат за 45 проценти во однос на 2011 година. Бројот на Грците, пак, се зголемил за 43 проценти.

-Тоа што го знаеме за ова ново поколение европски имигранти е дека тие се помлади и подобро квалификувани од просечното германско население. Тоа би го оценила како силно добитна ситуација за овие млади луѓе, за Германија, но и за нивните земји на потекло, забелжува Катарина Зенге, координатор за имиграција и интеграција во германската фондација „Конрад Аденауер“.

најчитано сега