Германија: Стабилизацијата на состојбаната на Навални е охрабрувачка

Германската влада ја поздрави веста за стабилизирањето на здравствената состојба на рускиот опозиционер, Алексеј Навални и потврди оти Москва испратила второ барање за судска помош до Германија за овој случај.

Навални вчера објави селфи од болнцицата во која се лекува речеси четири недели.

-Се уште не можам речиси ништо да правам сам, но вчера успеав самиот да дишам цел ден, напиша Навални.

Германија побара Русија да одговори на прашањата во врска со труењето на Навални откако германската воена лабораторија потврди присуство на отровот Новичок во неговото тело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега