Германија нема да ги олесни рестриктивните мерки барем уште три недели

Германија се ближи до продолжување на „локдаунот“ на уште три недели за да се спречи ширењето на пандемијата на ковид-19 и да се овозможат фамилијарни собири за време на Божиќ, изјавија денеска властите на германските покраини.

Германија на втори ноември ги затвори баровите, рестораните и останатите локали на еден месец.

Училиштата и продавниците останаа отворени додека собирите се ограничени на најмногу 10 лица од две домаќинства, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Саксонија, Анхалт Рајнер Хеселоф на прес-конференција изјави дека постои генерален договор моменталните мерки да бидат продолжени за околу три недели.

Бројот на новозаразени од коронавирус во последните 24 часа во Германија порасна за 10.846 на вкупно 929.133.

Премиерите и Меркел во среда ќе разговараат за мерките против коронавирусот и правилата за божиќните и новогодишни празници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа