Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Германија одлучи да ја прогласи речиси цела Шпанија, вклучувјаќи го и островот Мајорка, за ризично подрачје поради забрзаното ширење на коронавирусот, изјавија денеска извори од германската влада.

 

Одлуката им зададе удар на надежите за брзо опоравување на масовниот туризам после повеќемесечниот карантин.

Дневниот весник Билд објави претходно дека Мајорка е додадена на листата на високо ризично региони која ја објавува Институтот Роберт Кох (РКИ), германската агенција за јавно здравје.

Извори велат дека цела Шпанија, освен Канарските острови, ќе биде впишана во новата листа на ризични регони на РКИ.

Само вчера Шпанија регистрираше речиси 3.000 новозаразени. Шпанските власти ги затворија ноќните клубови, го ограничија работењето на рестораните, а забрани и пушење на јавен простор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега