Од јануари 2026 година, Германија официјално воведува нов модел на задолжителна воена обврска. Сите мажи на одредена возраст ќе добијат прашалници од Бундесверот, а властите предвидуваат строги санкции за оние кои ќе одбијат да соработуваат.
Германското Министерство за одбрана потврди дека процесот ќе започне со дистрибуција на околу 54.000 прашалници месечно.
„Министерството за одбрана потврди дека оние што нема да одговорат или ќе дадат неточни информации ќе сносат последици според закон. Непочитувањето на обврската може да резултира со парична казна до 1.000 евра или принудна регрутација“, се наведува во новите правила.
Планот на министерот Борис Писториус предвидува постепено засилување на армиските редови, при што од јули 2027 година лекарскиот преглед ќе стане задолжителен за сите мажи, а непојавувањето може да резултира и со полициско приведување. Целта е бројот на војници да достигне 270.000 до 2035 година.

