Германија има посебен објект за сместување на оние кои се противат на карантин- бил наменет за мигранти но коронавирусот промени се (ВИДЕО)

 Во Саксонија, федерална држава во источна Германија, властите сакаат да отворат објект за сместување на оние кои не сакаат да бидат ставени во карантин.

Како што објави локалното Министерство за внатрешни работи, се планира да биде во областа Дрезден.

Владата размисли да ги смести противниците на карантинот во болница, сепак, потребни се сите установи поради пандемијата.

Патем, споменатиот објект во Дрезден е изграден во 2016 година како оддел за прием на баратели на азил. Сепак, сè уште не е користен за таа намена.

Засега е непознато кој ќе биде сместен таму. Според Министерството, во моментов не е јасно колку лица можат да бидат примени.

Идејата за насилно изолирање на лица кои одбиваат карантин не е нова. Пролетта на 2020 година, министерката за здравство, Петра Копинг, веќе објави дека оваа мерка е можна. Сепак, во крајна анализа, ова е потег за кој е потребна судска одлука.

"Во пракса, надлежните здравствени служби најпрво воспоставуваат карантин. Ова е проследено со итно предупредување и, ако има дополнителен отпор - парична казна. Само после тоа следат правни постапки", рече тогаш Копинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега