Данското Министерство за одбрана денес објави дека го проширува военото присуство во и околу Гренланд, распоредувајќи дополнителни капацитети на копно, море и во воздух. Активностите ќе се спроведуваат во координација со сојузници од НАТО, меѓу кои Франција, Германија, Шведска и Норвешка, кои ќе придонесуваат со војници, бродови и летала.

Според данските вооружени сили, целта на оваа иницијатива е:

„Да се зајакне способноста за дејствување во арктички услови и да се засили печатот на Алијансата на Арктикот, со корист и за европската и за трансатлантската безбедност.“

Во текот на 2026 година, активностите може да вклучуваат обезбедување критична инфраструктура, поддршка на локалните власти во Гренланд, вклучително и полицијата, прием на сојузнички сили, распоредување борбени авиони и поморски задачи.

Најавата доаѓа во време на заострена дипломатска клима околу статусот на островот, по серијата изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој порача дека американската контрола над Гренланд е „неопходна“ од безбедносни причини.

Истовремено, денес во Вашингтон се одржаа разговори на данскиот и гренландскиот шеф на дипломатија со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, со цел да се намалат тензиите и да се задржи темата во рамки на сојузничка координација.

Exit mobile version