Германец „залутал“ во касарната Петровец

Жител на Германија вчера попладне бил задржан во касарната „Страо Пинџур“ во Петровец, откако залутал во кругот на касарната.

„На 20.08.2019 во 17.30 часот во Полициското одделение Петровец, од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец било пријавено дека кај нив бил задржан К.М.О.В.(22) од СР Германија, кој влегол во кругот на касарната. Тој изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС уредот. Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега