Герила акција на Левица на фестивалот „Браќа Манаки“: Без гајле врвете преку нас (ВИДЕО)

Членови на Левица вчера со герила акција на отворањето на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ испратија политички пораки.

- Вчера, активисти на Левица – Битола, на свеченото отварање на 42 издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”, на мирољубив начин во нетипичен стил испратија порака до локалните политичари и оние од главниот град, кои за Битола се присеќаваат само во предизборни кампањи и тогаш кога треба да се фотографираат. Легнувајќи на гламурозниот црвен тепих им порачаа на гостите слободно да газат и минуваат преку нив, затоа што како битолчани навикнати сме веќе 30 години да нè газат без око да ни трепни, велат од од Левица.

17.09.2021 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа