Герасимовски од Центар: ВМРО-ДПМНЕ знае дека нема шега со центарци – покажавме дека сме сигурни во својот избор

„Центарци секогаш биле цврсти во ставовите по сите прашања. Со нас центарци нема шега, ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро го знаат. Центарци докажаа дека кога се сигурни во својот избор, тие се спремни да одат до крај, како за време на режимот во 2013 година“ рече кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата, Горан Герасимовски на триибината „Најдоброто за мојата општина“.

Тој додаде дека е свесен за одговорнсота и работата која ја бара позицијата градоначалник и кажа дека не се бори за фотелја, туку за похуман центар.

„Јас како градоначалник и новите советници имаме конкретен план за подобрување на квалитетот на живот во Центар. Знаеме точно што им треба на жителите на секое маало и јас и мојот тим ќе работиме според приоритетите одредени од граѓаните. Општината ќе ја развиваме заедно со нив, имајќи ги предвид специфичните потреби на секоја населба“ кажа Герасимовски.

 

Тој додаде дека општината ќе се грижи за најмладите и дека ќе се изградат две нови градинки во Пролет и Маџир Маало.

30.09.2021 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега