Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар, вечерва во „Топ Тема“ информираше дека во делот на хигиената и чистење на сметот од улиците иницирал да се преземат обврските од Град Скопје и секоја општина да оформи свое Комунално претпријатие за да нема смет.
„Проблемот со отпадот е најголем во градот Скопје, се бориме заедно со останатите градоначалници.Иницирав ние да ги превземеме обврските од Град Скопје и да го превземеме Комуналното претпријатие, секоја општина да си оформи свое Комунално претпријатие кое што ќе го подигне нивото во своите општини, ќе нема смет низ општините. Ние имаме дополнителна опрема, а во новиот мандат планирани се и две нови цистерни и пет метларки. Имаме 120 хигиеничари, кои деноноќно работат за да ја подигнат хигиената на највисоко ниво. Во моментов се поставени, но и континуирано поставуваме нови контејнери за кабаст отпад низ општината. Но, тука ги повикувам и граѓаните да ја подигнеме свеста на повисоко ниво и да го почитуваме тоа на начин како го фрламе, односно го депонираме сметот во контејнерите“, рече Герасимовски.