Close Menu
Press24
    Најново

    Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Грција

    12.03.2026 во 13:59

    Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите

    12.03.2026 во 13:51

    Гаши на Комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани: Правдата не смее да биде ниту пребрза за политички поени, ниту задоцнета

    12.03.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Грција
    • Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите
    • Гаши на Комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани: Правдата не смее да биде ниту пребрза за политички поени, ниту задоцнета
    • Една година од пеколот во „Пулс“: Собранието со солзи и едноминутно молчење им оддаде почит на 63-цата загинати во Кочани
    • Хорор во Штип: Тригодишно дете хоспитализирано со труење од седативи
    • Алиу: Нападот врз лекар е кривично дело за кое се оди во затвор
    • Уживајте во утрешното сонце, од сабота попладне следува пресврт
    • Крај на хаосот кај Клинички: Скопје добива нов кружен тек кај НБРМ и две катни гаражи со 500 места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

    Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

    12.03.2026 во 10:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!”

    „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. Влезот е слободен, а добредојдени се сите вљубеници во убавиот збор и музиката“, рече Герасимовски.

    На настанот, поддржан од Општина Центар, ќе настапат триесетина истакнати македонски поети кои ќе ги презентираат своите стихови. Поезијата ќе се спои со музиката на Зарина Првасевда, а по поетското читање ќе следува забава со иновативните звуци на „Поетроника“.

    Ќе бидат читани и песни што оставиле трага во македонската поезија, а чии автори повеќе не се меѓу нас. Настанот е и најава за „Антологија на патот“, продолжение на проектот „Антологија на копнежот“ на Виолета Танчева-Златева.

    Со настанов воедно се одбележува и Светскиот ден на поезијата, а во наредниот период Општина Центар  во својата програма предвидува низа проекти од сферата на културата меѓу кои: „Светски ден на уметноста“, „Прослава на животот на Горан Стефановски“, како и „Тематски прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на општината“.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.