Георгина ги збудале папараците во Венеција (ФОТО)

Гeоргина Родригез беше главната sвезда на 77-от филмски фестивал во Венеција, првиот голем спектакл што се случил од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Една од најпознатите жени на фудбалери избра нежен розов фустан со висок шлиц за таа пригода, што и направи малку проблеми на црвениот тепих.

Атрактивната 26-годишна бринета беше многу внимателна да не им покажува премногу на фоторепортерите додека излегува од автомобилот, но се покажа дека секој чекор на црвениот тепих претставува ризик, а фотографите неуморно демнат.

Иако станува збор за милиметри, фустанот на крајот се покажа како безбеден, и покрај предизвикувачкиот крој.

Георгина и Кристијано Роналдо се запознале додека таа работела како продавачка во продавницата на Гучи, а со текот на годините нејзината популарност се зголеми толку многу што неодамна беше објавено дека за една објава на нејзиниот профил на Инстаграм, каде ја следат 17 милиони луѓе, таа зема 8.000 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега