Георгиевски: Училиштето “Вера Јоциќ” во Хиподром до пролет ќе добие нова училишна спортска сала

Учениците од ООУ “Вера Јоциќ”, покрај современото и ново училиште, кое беше отворено пред 1 месец, добиваат и училишна спортска сала. Денеска отпочнуваме со нејзината градба и среќен сум што децата нема да имаат потреба часовите по физичко и спортски активности да ги одржуваат во импровизирани услови, рече градоначалникот на Борис Георѓиевски.  

„Со оваа капитална инвестиција, Хиподром добивa комплетен училишен центар за децата од прво до деветто одделение на едно место.

Салата ќе биде комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, со соблекувални и санитарни јазли, туш кабини и канцеларија за професорите, а ќе се протега на површина од 650 квадратни метри.

Учениците ќе можат да играат кошарка, одбојка, мал фудбал, ракомет како и повеќето гимнастички спортови. Салата е енергетски ефикасна, а ќе има и пристап за лица со инвалидитет.

Благодарен сум што Владата ни е добар партнер во реализацијата на капитални проекти кои се од големо значење за граѓаните на општина Гази Баба. Владата од својот буџет за изградбата на оваа нова училишна спортска сала одвои околу 24 милиони денари која очекуваме да биде готова до идната пролет.

Летниот период позитивно го користиме и со средства од 20 милиони денари на општината работиме на целосна реконструкција на кровот на три основни училишта, “Његош”, “Крум Тошев” и Григор Прличев.

Поставуваме енергетска фасада на училиштето “Дане Крапчев ”, набавуваме целосно нов мебел за училиштето Кирил и Методиј, а продолжуваме со реконструкција на санитариите во училиштето Наум Наумовски Борче.

Внатрешно ги реконструираме и бојадисуваме училиштата Стив Наумов, како и сите подрачни училишта на Наум Охридски.

Од буџетот на општината  и оваа година обезбедивме средства за набавка на смарт табли за сите училишта, за стипендии на учениците, за превоз за нив, а целосно го преземавме и трошокот за обезбедување на училиштата.

Општина Гази Баба оди напред и за краток период значително ги подобруваме условите во образовниот систем. Учениците заслужуваат достојни услови за учење, а наша обврска е тоа да го обезбедиме за идните генерации“ реќе Борис Ѓеорѓиевски во своето обраќање денес

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега