Георгиевски: Нивните истраги се користени за земање рекет, лично јас сакав да го тужам СЈО

Вели дека најверојатно имаме проблем и со законите.  Георгиевски рече дека за 10 или 15 функции може да бидат донесени луѓе од проверени држави, од надвор за да се воведе ред во земјата. 

Смета дека дел од истрагите на СЈО се користени за земање рекет. 

„Јас лично сакав да го тужам СЈО, но некои адвокати ми рекоа „ќе ти извадат приватни муабети, па ќе се чудиш“. Постоеше тоа дека не смее да се чепка со СЈО“, вели Георгиевски за случајот „Поштенска банка“. 

Eкс премиерот се сомнева дека во десетина предмети има рекетирани луѓе. 

Додава дека „Рекет“ е многу сериозен случај за да меѓународната заедница го става под тепих. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега