Георгиевски: Ковачевски и Петков имаат волја за решавање на спорот, но се жртви на влијанија

Премиерите на Македонија и Бугарија имаат волја за решавање на спорот, смета поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Сепак, тој во интервју за БТВ вели дека и Ковачевски и Петков се жртви на влијанието од нивните партии, коалициските партнери како и општата ситуација во државата.

-И двете власти се под тежок притисок од страна на противниците, вели Георгиевски.

Тој оцени дека последните година и половина се кулминација на влошувањето на односите меѓу Скопје и Софија.

-Односите се влошени зашто се гледа само јазикот на омразата и во двете страни. И двете држави може да изгубат ако го продолжат тој систем на блокирање и продолжување на кризате, нели поранешниот премиер.

Георгиевски вели дека Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на Македонија бидејќи со тоа ќе добијат повеќе права, како формирање бугарски паралелки во училиштата доколку бројот на децата Бугари е поголем од 24-25, како и право да го слават Денот на Бугарија.

17.05.2022 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега