Георгиевски: Јас не сум ништо друго освен Македонец

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели дека тој не е ништо друго освен Македонец.

Одговарајќи на прашање како ќе се определи на претстојниот попис во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Георгиевски вели дека и тука и во Бугарија кажал дека тој не може да се определи како ништо друго освен како Македонец.

-Јас тоа секаде сум го кажувал, дури и во Бугарија а последен пат токму на нивното радио Фокус, пред три дена ми го поставија истото прашање. И ним и на сите им велам, јас освен Македонец, не можам никако да се определам, изјави тој.

Во емисијата тој уште еднаш ги повтори своите позиции во однос на историските спорни прашања со Бугарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега