Георгиевска: Заев ќе ни донесе 600 евра плата и подобар живот на сите

Владата на СДСМ и Заев со економските мерки кои ги преземаат обезбедија раст на платата за 10% и економски раст и развој изјави денеска на прес конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

 

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет преземаат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој.Во овие четири години платите постојано растат во сите сектори.Според официјалните податоци, просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.И во време на пандемија, светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку напротив, продолжија со растот.Тоа е потврда за успешноста и навременоста на антикризните мерки и одговорните економски политики на Владата предводена од СДСМ.Преку реални, остварилви проекти градиме стабилна, динамична економија и можности за забрзан економски раст.Наша цел како владејачка партија е да го оствариме ветувањето дадено пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.Тоа и ќе го реализираме. Во овие четири години покажавме дека за нас, зборот е збор и тоа ќе го потврдиме и во иднина.Остануваме посветени на помош и поддршка на економијата, помош и поддршка на сите работници.“ - изјави Георгиевска.

 

23.06.2021 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега