Георгиевска: Нападнати активисти на СДСМ во Влае, да не дозволиме подземјето и насилниците да владеат во Карпош

Денеска пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ даде изјава за медиумите по повод синоќешниот напад на активистите на СДСМ кои делеа флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група.
 
„Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада“-изјави Георгиевска.
 
„Дали е причина за ваквиот крвнички напад овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?
 
Нападот е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што очекуваме и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.
 
Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела“-додаде таа.
 
 
 

28.10.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега