Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа, соопшти неговиот портпарол.

Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот и негова имплементација“.

Шефот на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш и безусловно ослободување на сите заложници“.

– Обединетите нации остануваат цврсто посветени на поддршка на сите напори кои промовираат мир, стабилност и понадежна иднина за народот на Палестина и Израел и поширокиот регион, се наведува во соопштението.

Leave A Reply

Exit mobile version