Генералниот директор на СЗО упатил апел до богатите земји: Почитувајте ги договорите направени со КОВАКС

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, денеска ги повикал богатите земји, пред да нарачаат дополнителни вакцини против Ковид-19 за себе, да проверат дали тоа ги поткопува напорите вакцините да се достават до сиромашните земји.

Богатите држави "зграбиле" неколку милијарди дози вакцини, додека некои земји во развој имаат малку или воопшто вакцини, наведува "AP".

Европските држави пружиле финансиска поддршка за програмата КОВАКС, која ја поддржуваат Обединетите нации за обезбедување на вакцина за најзагрозените во светот и размислуваат за поделба на дел од своите дози вакцини, иако не прецизирале кога.

Тедрос им се заблагодарил членките на Г7 на значајното ветување, но, по разговорот со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, рекол дека дури и ако имате пари, ако не можете да го искористите за купување на вакцини, парите не ви значат ништо.

Тој навел дека некои богати земји стапуваат во контакт со произведувачите за да обезбедат повеќе вакцини, што влијае на договорите со КОВАКС, па дури и количината на вакцини доделена преку КОВАКС поради тоа е намалена.

Гебрејесус не ги именувал тие земји, ниту изнел други детали.

Тој истакнал дека богатите земји треба да ги почитуваат договорите кои ги направил КОВАКС и да се уверат дека, пред да побараат уште вакцини, нивните барања не ги поткопуваат договори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега