Гејтс: Затворете буквално сè околу 10 седмици, тоа е единствениот начин да го победиме вирусот

Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс во својата авторска студија за „Вашингтон Пост“, апелирал до властите во САД да затворат сè најмалку на 10 седмици за да се добие битката со коронавирусот.

Ви ги пренесуваме најважните делови од неговиот текст:

„Нема сомнеж дека САД ја пропуштија шансата да бидат во предност во борбата со коронавирусот. Но, сè уште постои простор за донесување важни одлуки. Изборите кои што ги правиме ние и нашите лидери, денес ќе имаат големо влијание на тоа колкав број на заболени пациенти ќе има, и колку тој број ќе се намалува, колку економијата ќе биде задушена и колку Американци ќе мора да ги погребаат своите сакани поради Ковид-19.

Низ работата со Фондацијата, разговарав со експерти и лидери во Вашингтон и шрум земјите.

Прво, потребен ни е дословен, национален пристап. Без оглед на препораките на експертите за јавно здравје, некои држави не ги затворија своите граници и граѓани. Во некои држави плажите и понатаму се отворени, а во други рестораните и понатаму работат.

Ова е рецепт за катастрофа. Затоа што доколку луѓето можат слободно да патуваат, ќе патува и вирусот. Државните официјални лица мора да бидат јасни: Затворање било каде, значи затворање секаде.

Сè додека бројот на заболени лица не почне да паѓа ширум Америка, што би можело да биде за десет седмици или повеќе, никој не може да продолжи да работи како и вообичаено. Секоја конфузија околу овие точки само ќе ја продолжи економската болка, ќе ја големи можноста да се врати вирусот и да предизвика смртни случаи.

Сојузната влада треба да ги зголеми тестирањата. Треба да бидат достапни неколку видови тестови. И, конечно. За да ставиме крај на болеста, потребна ни е безбедна и ефикасна вакцина.

Доколку правиме сè  како што треба, би можеле да ја имаме за помалку од 18 месеци, што би била најбрзо развиена вакцина некогаш“ – напишал Гејтс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега