Гејтс повторно „глуми“ пророк: Откри кога го очекува крајот на пандемијата (ВИДЕО)

 

Бил Гејтс овие денови едноставно не може да престане да ги наведува своите мислења за коронавирус. Во неговото последно размислување, тој предвиде дека пандемијата ќе заврши до 2022 година - благодарение на вакцини во кои вложил големи суми.

Во интервју за „Фокс њуз“, основачот на „Мајкрософт“ предвиде дека животот ќе се врати во нормала за луѓето во САД до летото 2021 година, заради напредокот направен во развојот на вакцините против оваа болест.

Деловниот тајкун истакна дека очекува на почетокот на следната година Соединетите држави да започнат со одобрување вакцини за јавна употреба. Тој рече дека е „оптимист“ за пандемија што „нема да трае бесконечно“.

„Крај на епидемијата? „Најдобар случај е веројатно во 2022 година, но во текот на 2021 година, треба да можеме да го намалиме бројот на пациенти ако му пристапиме на проблемот на глобално ниво“, изјави Гејтс во неделата за „Фокс њуз“.

„Значи, знаете, фала му на Бога што постоеше технологија за вакцини, дека беа финансирани истражувања, дека компаниите ги ставија своите најдобри луѓе на тоа. Затоа сум оптимист дека ова нема да трае бесконечно “, додаде тој.

Милјардерот рече дека смета дека американската Администрација за храна и лекови може да одобри „три или четири“ формули за вакцини. Тогаш би се поставило прашањето како ќе се дистрибуираат вакцините, рече Гејтс, велејќи дека е разочаран што САД не планираат да ги произведуваат и дистрибуираат вакцините во посиромашните земји.

„Соединетите држави не се покажаа во помошта за купување вакцина за земјите во развој“, се пожали тој. Гејтс е голем инвеститор во фармацевтскиот сектор и насочи милиони долари само на развој на седум различни вакцини против Ковид-19.

Тој претходно рече дека меѓу 70 и 80 проценти од светската популација ќе мора да се вакцинираат против вирусот пред некој да се надева дека повторно ќе живее нормален живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега