Газпром се закани: Ќе го прекинеме транзитот на гас низ Украина

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека регистрирал „исчезнување“ руски гас во Украина, наменет за испорака до молдавските потрошувачи.

Компанијата предупреди дека, доколку потрае транзитниот дисбаланс, ќе ја прекине испораката на гас в понеделник, 28 ноември, од десет часот.

Според наводите на „Газпром“, количината гас што се испорачува за транзит до „Молдовагаз“ преку украинската територија, го надминува физичкиот обем што се пренесува на границата на Украина со Молдавија.

22.11.2022 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа