Газпром го исклучи гасот за Финска

Руската државна компанија Газпром соопшти дека го прекинала извозот на гас за Финска. Скандинавската земја ги отфрли барањата на Москва да го плати рускиот гас во рубљи, откако западните земји воведоа санкции поради инвазијата на Украина

Финската државна енергетска компанија за гас „Гасум“, финската влада и поединечни компании кои користат гас во Финска објавија дека се подготвени да ги затворат руските текови.

Повеќето европски договори за снабдување се деноминирани во евра или долари.

Москва минатиот месец ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска, откако одбиле да ги исполнат новите услови.

22.05.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега