Општина Гази Баба започна со интензивно поставување на успорувачи на сообраќајот, како и нова хоризонтална и вертикална сигнализација на локалните улици.
Градежните и сообраќајните активности се одвиваат во Инџиково, Ченто, Виниче, Хиподром и во други населени места низ општината.
Според општинските власти, целта е намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и зголемување на заштитата за сите учесници во сообраќајот.
За значењето на овие инвестиции во сообраќајната инфраструктура се огласи градоначалникот Бобан Стефковски:
„Со овие активности создаваме побезбедни улици, го намалуваме ризикот од сообраќајни незгоди и ја зголемуваме безбедноста на пешаците, учениците и сите учесници во сообраќајот. Секој поставен сообраќаен знак, секој успорувач на сообраќајот и секоја обележана пешачка патека значат поголема сигурност за нашите сограѓани“, посочи Стефковски.
Тој додаде дека општината ќе продолжи со реализација на проекти кои овозможуваат подобра безбедност на улиците:
„Продолжуваме посветено да инвестираме во современа и безбедна сообраќајна инфраструктура, затоа што безбедноста нема цена. Гази Баба се развива, а ние продолжуваме со дела кои носат подобар и побезбеден живот за сите граѓани“, истакна тој.


