Газдите од државните пари за исплата на плати не украле само 2, туку 10 милиони евра

Не биле два, туку 10 милиони евра е сумата пари која ја украле газдите од државната помош наменета за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците, објави „Телма“ повикувајќи се на владини извори.

Според податоците, станува збор за повеќе од 4500 компании и 2 милиони евра кои првично ги објави УЈП, а меѓу фирмите има и медиум. Од Владата најавуваат дека ќе бараат Обвинителството кривично да ги гони одговорните лица во компаниите.

„Ги чекаме податоците од УЈП по што јавно ќе ги објавиме имињата на компаниите кои не ги исплатиле платите на работниците кои ги добија од државата. Ќе побараме од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одгворност против одговорните лица во компаниите“ изјавил за „Телма“, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега