Со продажба на имот „на црно“ непосредно пред стечај, скопјанец успеал противправно да присвои 31.433.522 денари (околу 515.303 евра), оставајќи ги државата и банките со празни раце.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С. и неговата фирма за даночно затајување и оштетување на доверители. Тој во период од две години продавал машини и материјали без да ги пријави, со што не платил даноци во висина од стотици илјади евра.

Најголемиот удар го претрпеле доверителите. Кога фирмата отишла во стечај, имотот веќе бил тајно распродаден, па стечајниот управник немало што да попише за да ги исплати долговите кон УЈП и банките.

„Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје и против сопственикот и поранешното одговорно лице М.С. од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ по член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ по член 257 од Кривичниот законик.

Имено, првопријавениот М.С. во периодот од 01.10.2019 до 31.08.2021 година… во даночните пријави за контролираниот даночен период пресметал и искажал помал даночен долг во износ од 17.645.477,00 денари кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали… Исто така првопријавениот постапил и спротивно на член 84 и член 92 од Законот за личен доход… и на која сума бил утврден неплатен персонален данок на доход во износ од 13.788.045,00 денари.

Со наведеното… пријавениот по двата основи се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522,00 денари или околу 515.303,00 евра, со која сума предизвикана е штета на Буџетот на Р.С. Македонија. Воедно, пријавениот… оневозможил овој имот да биде евидентирано попишан од страна на стечајниот управник… а со тоа дирекно придонел за значително оштетување на стечајната маса, со што и оштетување на доверителите во стечајната постапка… помеѓу кој и државата преку МФ, УЈП, потоа неколку банки по основ на дадени кредити…“, велат од МВР.

Exit mobile version