Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 7 февруари престојува во официјална посета на Вашингтон, САД. Во рамки на агендата, Гаши ќе присуствува на традиционалниот Национален молитвен појадок, каде ќе оствари средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни организации со цел зајакнување на меѓусебното партнерство.

За време на престојот, тој ќе има обраќање на Форумот за безбедност во американскиот Конгрес, каде ќе се дебатира за инвестициите во одбраната и регионалната стабилност. Исто така, предвидено е негово учество на самитот „Balkans Forward“ во организација на Атлантскиот совет.

„Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и унапредување на соработката во областа на демократијата, безбедноста и интеграциите“, соопштуваат од собраниската прес-служба.

Exit mobile version