Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес одржа работен состанок со ректорот на
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на
Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу.
За време на средбата, соговорниците разговараа за можностите за зајакнување на
соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување
на квалитетот на образованието и потребата од одржливи реформи во оваа област.
Беа разменети мислења за конкретни чекори што можат да се преземат за подобрување на
условите за академскиот кадар и студентите, како и за зголемување на ефикасноста и
транспарентноста на образовниот систем.
Ректорот го информираше претседателот за развојните проекти и планови на Универзитетот,
додека претседателот Гаши, од друга страна, изрази целосна подготвеност да ги поддржи
овие напори.
Претседателот Гаши високо го пофали придонесот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и целиот
персонал во развојот на образованието во земјата, охрабрувајќи ги континуираните напори за
квалитетно, современо и инклузивно образование.
Актуелно
- Алиу: Секој градоначалник има одговорност, и е во состојба на секои 30 минути да прави кривично дело
- Австрија пронајде оружје во Виена во истрага поврзана со Хамас
- Доаѓа Митровден: Обичаи и верувања за големиот празник
- Мицкоски: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје
- Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство
- ДИК ги одби трите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Шуто Оризари
- Трагедија во НФЛ: Почина 24-годишниот дефанзивец на Далас Каубојс, Маршон Ниленд
- Трамп подготвен за соработка со Мамдани, но бара „целосно почитување“ кон Вашингтон

