Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес одржа работен состанок со ректорот на
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на
Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу.
За време на средбата, соговорниците разговараа за можностите за зајакнување на
соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување
на квалитетот на образованието и потребата од одржливи реформи во оваа област.
Беа разменети мислења за конкретни чекори што можат да се преземат за подобрување на
условите за академскиот кадар и студентите, како и за зголемување на ефикасноста и
транспарентноста на образовниот систем.
Ректорот го информираше претседателот за развојните проекти и планови на Универзитетот,
додека претседателот Гаши, од друга страна, изрази целосна подготвеност да ги поддржи
овие напори.
Претседателот Гаши високо го пофали придонесот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и целиот
персонал во развојот на образованието во земјата, охрабрувајќи ги континуираните напори за
квалитетно, современо и инклузивно образование.
Актуелно
- Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија
- Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање
- Мицкоски: До јануари ќе испорачаме 10 од 12 реформски чекори, од април влегуваме во „реформски колосек“
- Бојковска: Додека со СДС и ДУИ имавме урнисано образование, ова Влада прави реформски чекори за поквалитетно образование за нашата младина
- Внимавајте, кружи нова измама: Гостиварец „олеснет“ за 2.000 евра преку реклама на социјалните мрежи
- (ВИДЕО) Падна полицаец: Фатен со шверцувани петарди – запленети над 25 тони пиротехника натоварени во две товарни возила
- СДСМ: Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Вучиќ во Македонија
- Вооружена пресметка во Арачиново: Пукање меѓу две возила, оштетено возило на случаен минувач

