Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари
проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република
Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност,
професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше
нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба
и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна
поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции,
владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој
контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како
стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил
видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе
продолжат и во иднина.
Актуелно
- Трамп: Доаѓа денот на пресметка и одмазда
- Трагедија во Австрија: Скијачка загина во лавина во Тирол
- Дара Бубамара е болна – во последен момент го откажа празничниот концерт
- Владата ги избра кандидатите за Стразбур: Апостолски, Бошкова и Георгиевски на филтерот на Советот на Европа
- Хаос на небото над Европа: Леден дожд ги затвори аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава
- Падна пресуда: 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип
- Одложено утрешното рочиште за трагедијата во „Пулс“
- Касами оди на лидерска кај Мицкоски, бараат укинување на техничката влада

