Изнесувајќи го својот личен став како дел од коалицијата, а не како претседател на Собранието, Африм Гаши истакна дека кадровските решенија во извршната власт ќе бидат предмет на разгледување откако ќе заврши процесот на внатрешно окрупнување на коалицијата.
„Коалицијата ВЛЕН се наоѓа во финална фаза на воспоставување на една политичка партија. Штом ќе се финализира овој процес, тогаш партиските органи ќе решаваат за своите претставници во извршната и во сите други гранки на власта. Во овој момент не треба да прејудицираме дали некој е прифатлив или не“, одговори Гаши на прашањето за статусот на министрите Арбен Фетаи и Меџит Лимани.


