Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Струга оствари официјална средба со струшкиот градоначалник Менди Ќура.

На состанокот беа отворени актуелните прашања кои се од директно значење за локалната самоуправа, со посебен акцент на секојдневните потреби на граѓаните од овој регион.

Спикерот Гаши ја потенцираше важноста од одржување постојан и отворен дијалог со локалните власти, како клучен предуслов за побрзо детектирање и ефикасно решавање на проблемите на терен.

Како конкретен чекор за унапредување на соработката беше најавена можноста за отворање на пратенички канцеларии во Струга, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и полесна комуникација на пратениците со граѓаните.

Exit mobile version