Гаши: Министерските места за нас се секундарна грижа

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна новата средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Пред почетокот на средбата премиерот Заев не сакаше да коментира ништо, и најави дека по нејзиното одржување ќе следи соопштение.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши пред одржувањето на средбата посочи дека определба на партиијата е да се даде шанса за излез од политичката криза, како и од енергетската и здравствената криза и како што рече, да и се помогне на државата да не ја изгуби историската шанса да започне преговори за членство во ЕУ.

-Ќе видиме каков е концептот на премиерот и неговите сегашни партнери и што очекуваат од нашиот придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, мислам дека Алтернатива е подготвена да помогне, рече Гаши.  

Одговарајќи на новинарско прашање колку министерски места очекува неговата партија, претседателот на Алтернатива посочи дека за партијата тоа никогаш не било од суштинско значење и оти за неа е важно да се разговара за политичките критериуми.

-Тоа прашање е втор дел кој е секундарен за нас и многу понебитен од првиот кој е нормативен, околу концептот кој ќе го градиме заеднички и дали ќе можеме да ги отстраниме тие пречки при досегашното функционирање на Владата, рече Гаши.

Тој вели дека партијата останува на ставот дека во интерес на сите граѓани е да нема брзи избори.

29.11.2021 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега