Гаши го дава Сали но не го дава ресорот здравство

 

Од високи партиски извори во Алтернатива дознаваме дека постои подготвеност кај претседателот Африм Гаши за компромис за министерството за здравство. Но тој компромис во никој случај не подразбира отстапување на ресорот здравство. Доколку, премиерот Димитар Ковачевски навистина не е задоволен од работата на Беким Сали, тогаш Алтернатива би можела да се согласи на евентуална негова смена и тогаш на негово место Гаши на раководството ќе му го предложи пратеникот и професор на Медицинскиот факултет во Тетово Д-р Хусни Исмаили како решение кое е подобро од сите потенцијални кандидати на Алијанса за министер за здравство.

31.01.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа