– Во втората половина на јануари треба да се одржи првата средба на претставниците на парламентарните партии и експерти за Изборниот законик. Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА изјави дека ова било договорено на вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со министерот за правда Игор Филков во Собранието.    

Разговаравме околу потребата за што побргу и поквалитетно носење на новиот Изборен законик. Ние инициравме работна група. И нормално дека од Владата реагираа. По барање на министерот за правда, ние ја свикавме таа координација и ни кажаа дека се во завршна фаза на текстот на Изборниот законик, рече Гаши во интервју за МИА.

Според Гаши, координаторите на пратеничките групи се согласиле Изборниот законик да биде донесен со консензус, но не прецизираше која е временската рамка за негово носење. 

Exit mobile version