Гаши: Ако ДУИ не успеат со премиер Албанец, треба да отстапат и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори

Се навестуваше и се очекуваше дека ќе биде мала разликата на освоени пратеници и во македонскиот и во албанскиот блок. Но највеќе сами од себе се изненадија ДУИ. Но во трите последни денови и големиот поткуп и крадење јасно ни беше како се стаса до оваа бројка. Како и да е ДИК и Управниот суд ги легализираа тие пратеници. Сега е битна една компонента – легитимитетот. Кога една партија го нема легитимитетот кај Албанците, а од друга страна настапуваше со максимата премиер Албанец, сега кога не може да го оствари го губат легитимитетот да бидат во Владата, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

-ДУИ треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, вели Гаши.

Коалицијата Алијанса / Алтернатива излезе на изборите со една програма – Држава за сите, потенцираше тој.

-Ние се спротивставивме за идејата премиер Албанец, мислејќи дека тоа е само симболика, а не содржина. И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт, вели Гаши објаснувајќи го ставот и повикот на Ахмети сите партии да застанат зад идејата на ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега