Гана планира да купува нафта со злато наместо со долари

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук на потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа.

Мерката има за цел да ги зачува девизните резерви на земјата, кои се сериозно погодени од растот на цените на енергенсите, како и од побарувачката на девизи од увозниците на нафта, што ја ослабува локалната валута и ги зголемува трошоците за живот. .

Доколку се имплементира како што е замислено, новата политика „суштински ќе го промени нашиот платен биланс и значително ќе ја намали тековната депрецијација на нашата валута“, напиша Бавумиа.

24.11.2022 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега