Галетановски со писмо и цвеќе за Силјановска: „Ве покануваме заедно да ја прославиме победата на Пендаровски“

Ѓорѓи Галетановски, главниот теренски активист за Скопје на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, и испрати Бајадера и рози, како и писмо со „срциња“ на противкандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Ваквиот гест на популарниот Чомбе следува откако Силјановска претходно тврдеше дека добила навреди од него дека „е за во Бардовци“, а и денеска кога професорката беше во изборниот штаб на Пендаровски напиша дека тој не бил таму за да ја пречека.

„Почитувана професорке г.с. јас сум на работа секој денод 08 до 16 часот. Ова е мало внимание од нас за вас. Ве покануваме во недела во 21 часот заедно да ја прославиме победата на Стево Пендаровски. Ѓорѓи Галетановски-Чомбе“, гласи во пораката што директорот на скопската ЗОО ја испрати до Силјановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега