Галетановски: Лично не сум ја навредил Силјановска

По вчерашната дебата во која Пендаровски кажа дека ќе го избрка од штабот секој кој ја навредил Силјановска, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека еден од нив е Ѓорѓи Галетановски, шеф на изборниот штаб на Пендаровски за главниот град.

- Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Велат, логички у Бардовци треба да оди, и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Силјановска Давкова, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Галетановски пак тврди дека не ја навредил.

-Прочитав дека некаде сум прозван дека сум ја навредувал професорката. Прво јас не сум шеф на штаб. Јас сум одговорен за централниот штаб во Скопје. Второ јас не биршам статуси и објави. Никаде лично и со име не сум ја навредил госпоѓата. Гафовите што таа секојдневно ги изјавува ги споделуваат многу луѓе и тоа не е ништо страшно. Ако ја навредило еве ќе се извинам. Нека биде поконцетрирана и подецидна бидејќи кандидат за претседател треба да е одлучен, а не да и биде сеедно. Без разлика што ќе изгуби со минимум 50.000 гласови разлика, вели Галетановски за Фокус.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега