Гајзер за „Рекет“: За неколку дена ќе ја објавам целата приказна

Работам на делови од оваа истражувачка приказна за да го склопам мозаикот. Пред да ја објавам целата финална приказна морам да бидам сигурен дека сите сведоци се безбедни. Ова го изјави Ларис Гајзер, италијанскиот новинар на „Ла верита“ за МКД.Мк.

- „Прво, морам прво да бидам сигурен во сите докази што ги поседувам и да ја завршам приказната. Ова е чисто истражувачко новинарство. Не знам уште колку денови ќе ми требаат, ама можам да кажам - неколку. Но, ако сѐ биде потврдено, ќе биде вознемирувачко и ќе предизвика силни турбуленции. Она што ми е најважно е луѓето да бидат безбедни пред објавувањето. Откако ќе објавам сѐ, ќе бидам подготвен да дадам и дополнителни коментари и податоци“, вели во изјавата за МКД.мк новинарот Гајзер.

Тој досега објави три видеа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега