Гајсер: Имам уште документи за законот за јазици, еден ден ќе ги објавам

Италијанскиот весник „Ла Верита“, кој прв ги објави видео снимките поврзани со случајот „Рекет“ и кои ја разбрануваа јавноста, сега има нова „бомба“. Во денешниот текст со наслов “Заев сакаше да го замени ,акедонскиот јазик, Европа го стопира и го открива” италијанскиот медиум изнесува детали од мислењето на Венецијанската комисија, односно нејзината вистинска оценка на законот за двојазичност.

Меѓународните експерти од Венециската комисија, конституционалисти и експерти во заштита на малцинствата, новиот Закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен. Венециската комисија, со оглед на тоа што Уставот на Македонија го гарантира правото за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот договор од 2001 употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадници на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 се грижи за имплеменатацијата, констатира дека ако овој закон доследно се применува, тоа е повеќе од доволно за европските демократски стандарди, пишува ЛаВерита.

Како што пишува весникот, во неофицијалната веризија на мислењето, Комисијата го обвинува Заев дека не почитувајќи го владеењето на правото, без да се земе предвид широкиот опсег на уставноста, донесе нов закон без опозицијата, односо по скратена постапка во Парламентот, без консулатција со граѓанското општество, пренесува „Алфа

Експертите, во точка 33 од извештајот, отворено го осудуваат ваквиот начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на Владата. Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека законот не ги почитува легалните потребни критериуми за јасност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно.

Авторот на текстот, Словенецот Ларис Гајсер за Алфа вели:

Имам докази и информации, но засега луѓето, изворите не се сигурни и не можам да ги објавам. Како и да е, еден ден ќе бидат објавени, кажа Гајсер за „Алфа“

Инаку законот за двојазичност кој произлезе како столб на тиранската платформа речиси една година беше заглавен низ собраниските органи. Со прекршување на деловникот на Парламентот, откако неколкупати тогашниот претседател Иванов одби да стави потпис на законското решение и искористи суспензивно вето, лани во јануари спикерот Џафери законот го објави во службен весник и истиот стапи во сила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега