ФЗОМ ги зголеми квотите за лекови за февруари заради состојбата со грип и морбили

Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја здравствена установа– аптека, освен за аптеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за месец февруари.

„Со оваа дополнителна мерка, Фондот обезбедува дополнителен износ од над 9 милиони денари за месец февраури 2019, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот. Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со денешниот датум.

Ова линеарно зголемување ќе важи само за месец февруари 2019 година. Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, со цел осигрените лица да добиваат навремено и квалитетно обезбедување на лекови на рецепт“, се вели во соопштението од ФЗОМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега